Светот е под реална закана од рецесија следната година, изјави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас пред почетокот на есенските состаноци на банката и Меѓународниот монетарен фонд. Според Малпас, развојните напори ширум светот моментално се соочуваат со низа проблеми:

“Нивото на долгот за економиите во развој станува се поголем товар. Зголемените каматни стапки ја комплицираат ситуацијата. Инфлацијата и понатаму е проблем, особено за сиромашните. Имаме многу податоци на оваа тема во Светска банка, особено со минатонеделниот Извештај за сиромаштијата. Тоа е прв во две години, знаете – тоа е циклус од две години. Имаме 70 милиони луѓе кои паднаа во сиромаштија во тој период, а исто така, многу е вознемирувачко што има пад од 4% број на луѓе со просечни примања“, истакна Малпас.

Управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, од своја страна посочи дека светот не може да си дозволи инфлацијата да продолжи да расте предолго и да стане „забеган воз“. Георгиева ги опиша факторите за висока инфлација:

„Ефектот на Ковид-19 врз синџирите на снабдување, оваа бесмислена војна што предизвикува пораст на цените, особено за енергијата и храната“.

Кристалина Георгиева уште еднаш истакна дека борбата против климатските промени не треба да запре и потсети дека човештвото „може да преживее висока инфлација и рецесија, но не и непопустливи климатски промени“.