Природни катастрофи, климатски промени и болести на жито и добиток го влошуваат влијанието на пандемијата на коронавирусот врз земјоделството и безбедноста на храната, се вели во извештајот на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство.
Студијата посочува дека земјоделството ја поддржува егзистенцијата на над 2,5 милијарди луѓе, претежно во земјите во развој со ниски примања и дека тој останува клучен двигател на развојот.
„На ниту еден друг момент во историјата земјоделството не се соочило со ваква низа познати и непознати ризици, интеракции во хиперповрзан свет и брзо менување на сцената“, се вели во извештајот.
„Земјоделството продолжува да апсорбира непропорционален дел од штетите и загубите предизвикани од катастрофи. Нивната зголемена фреквенција и интензитет, заедно со системската природа на ризикот, ги загрозуваат човечките животи, го уништуваат постоењето и го загрозуваат целиот наш систем на храна “.
Според извештајот, од 2008 до 2018 година се изгубиле милијарди долари како резултат на падот на растителното и сточарското производство по катастрофите. Загубите во периодот изнесуваат 30 милијарди долари за субсахарска и северна Африка, а нешто помалку за Латинска Америка и Карибите, до 29 милијарди долари. Во истиот период, Азија доживеала загуба на посеви и добиток во вредност од околу 49 милијарди долари.
Обединетите нации претходно предупредија дека повеќе од милијарда луѓе можат да бидат вовлечени во екстремна сиромаштија до 2030 година, поради сериозното долгорочно влијание на пандемијата на коронавирусот.