Обезбедени се 10 милијарди од почетокот на кризата, рече претседателот на Светска банка

До крајот на април, Светска банка (СБ) ќе има програми за вакцинирање во 30 земји, поддржани од околу 2 милијарди долари финансирање, изјави денеска претседателот на банката, Дејвид Малпас, цитиран од Ројтерс. Тој додаде дека растот на трговијата е клучен за заздравување на земјите во развој.

На Интернет настан организиран од Светската трговска организација, Малпас истакна дека подружницата на приватниот сектор на Светска банка, Меѓународна финансиска корпорација, интервенирала за да се пополни трговскиот јаз по повлекувањето на банкарскиот сектор.
„Обезбедени се околу 10 милијарди долари финансирање на трговијата и обртни средства од почетокот на кризата“, рече претседателот на Светска банка, цитиран од БТА.

Ние веруваме дека трговијата на мало и трговијата на големо ќе биде во основата на процесот на закрепнување, рече Малпас.
„Мислам дека сега е време да се намалат тарифите и регулаторните ограничувања“, рече тој. Според него, Светска банка работи директно со земјите во обид да ги поддржи овие напори.