Шесте економии од Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за соодветна заштита на граѓаните и имотот од сè поштетните ефекти на климатските промени – се заклучува во регионалниот извештај за климатски промени и развој на Светска банка.
Спроведувањето соодветни мерки за одговор на климатските промени може да има големи придобивки за Западен Балкан, регион составен од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Тие инвестиции би помогнале да се избегне загуба на човечки животи, имоти и продуктивност, но и да се стимулира економскиот раст.
Минимумот во Космет е најмал во Европа. Недостатокот на акција не е опција за регион кој веќе е силно погоден од климатските промени. На пример, во текот на изминатата деценија, поплавите директно зафатија два милиони луѓе, а нивните последици дополнително ќе се влошат со појавата на сè поекстремни врнежи од дожд.
Шумските пожари се исто така зголемена опасност, со над 1.500 регистрирани во 2021 година, што одговара на зголемување од 21 процент во изминатата деценија. Сушите негативно влијаат на земјоделското производство, а топлотните бранови придонесуваат за загадување на воздухот и на тој начин предизвикуваат илјадници предвремени смртни случаи годишно во Западен Балкан, објави Политика.