Македонија се закотви на дното од земјите во регионот. Со раст од 1 отсто во 2023 година e позади пеете земји во западен балкан, а на дното со раст од 2,5 проценти ќе бидеме и годинава според проекциите. Пред нас се Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора
Извештај Светска Банка за Западен Балкан
Држава 2023 2024
Црна Гора 6.0 3.4
Косово 3.1 3.7
Албанија 3.3 3.3
Србија 2.5 3.5
Босна и Херцеговина 1.9 2.6
Македонија 1.0 2.5
Од Светска Банка укажуваат и на високиот дефицит кој е најголем и изнесува 5,2 отсто од БДП за 2023 година, а минатогодиошниот раст се должи на нерелизиран извоз и мали залихи на компаниите, а исто и на помалата потрошувачка заради високите цени. Од банката посочуваат дека треба да има структурни мерки, а не замрзнување на цени кои во суштина не ја решаваат инфлацијата
Инфлацијата се проектира на 3 отсо, но се уште се гледаат ризици, а еден од нив е и зголемувањето на платите повеќе од продуктивноста. Светска банка апелира да се работи на домашното производство за да се намали увозот.
Економскиот раст бил забавен во сите земји од Западен Балкан, а најмногу кај државите кои се трговски врзани со земјите Западна Европа Пооптимистички се очекувањата за 2025 година кога бројките би се вратиле на ниво пред Ковид кризата. Препорака за сите власти остануваат структурните реформи.