Македонија во однос на земјите од регионот бележи најниска продуктивност. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно, не бара работа, ниту посетува некаква обука, ниту пак се едуцира, стои во најновиот извештај на Светска Банка.
За годинава Светска Банка прогнозира дека земјава ќе биде сместена на дното заедно со Црна Гора по остварениот раст на економијата од само 2,9 отсто.
Во подобра позиција се сите останати земји од регионот и се очекува БиХ да има раст од 3,4 отсто, Србија од 3,5 отсто, Албанија од 3,8 и Косово со 4,4 отсто раст на БДП за 2019 та година.
Светската банка смета дека зголемувањето на минималната плата ќе удри по текстилната индустрија. Според нив, иако јавниот долг се зголемува, добро е тоа што парите од задолжувањата Владата не ги троши и ги чува за „црни денови“, пренесува Алсат М.