Континуираниот раст на платите особено во трудоинтензивните дејности, заедно со намалување на продуктивноста на трудот во повеќе сектори ја загрозува конкурентноста на економијата.

Цената на трудот се зголемува а не и продуктивноста на работникот, сметаат од Светска банка во најновиот извепај. Пораката до Владата е да се внимава при зголемувањсето на мининалмата плата.

Македонија има една од најголемите дијаспори во светот – констатира Светка банка. Половина милион луѓе или 25 отсто од населението е иселено а дури една третина од нив се со високо образование.

Земјава во регионот има највисока стапка на раст на вработеноста од 5,2%, а добар тренд има и кај намалување на невработеноста која изнесува 17,5%.

Сепак Владата треба да преземе мерки за да се намали неварботенсота во Северноисточниот регион која е огромна.

Забелешка за Македонија е што и покрај добриот раст на БДП – не е искористен да се намали новото на јавниот долг.

Македонската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто прогнозира Светска банка и при тоа оваа стапка е ревидирана во нагорна линија.

Прогнозите се дека растот на економијата во Косово ќе бие 4%, во Србија  3,3%, Босна и Херцеговина 3,1% , Црна Гора 3 % и Албанија 2,9 %.

Сепак пораката е дека малите економии треба да бидат мудри поради  надворешните влијанија како што е трговската војна меѓу САД и Кина, но и забавената економија во Германија.