Светската банка превидува помали проекции за растот на економијата од владините, но Тевдовски уверува дека сме на правиот пат. Најголем раст во регионот ќе има во Косово.
Економски раст од 2,9% за Македонија оваа година предвидува Светска банка во јануарскиот извештај. Стабилизирањето на политичката криза е клучно за подобрување и на сигурноста кај инвеститорите, пишува во извештајот.
За следната година предвидуваат дека растот ќе забрза и ќе достигне 3,2отсто. Трендот ќе се задржи и во 2021та кога растот на БДП е позициониран на 3,3отсто.
Прогнозите на Светска банка за Владата се доказ дека добро менаџираат со парите и дека економијата се движи во вистински правец.
,,Имаме одлична соработка. Поблиски, неколку посто се пониски. Ние како мин. Ние како блиску до ММФ Светска банка, значи имаме кредибилна проекција. Тоа докажавме дека успевавме во две години и немаме проблеми дури и даноци и како што ни беше прекција ,а ова е спротивно.
Според Светска банка, македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот. Највисок раст во регионот ќе забележи Косово од 4,5отсто. Меѓу 3 и 4 проценти ќе имаат економиите на Албанија, Србија и Босна и Херцеговина, а раст под три отсто, освен земјава ќе забележи и Црна Гора.
Раст на БДП Светска Банка
2019 – 2,9%
2020 – 3,2%
2021 – 3,3%