Светска банка мора постепено да се откаже од инвестициите во проекти за природен гас, по оние со нафта и јаглен. Ова го повикале високи функционери од Европа и Канада во писмо до управата на банката, според Ројтерс.

Без повик за напуштање на повеќемилионскиот проект за течен природен гас во Мозамбик, авторите на писмото до претставниците на Светската банка го наведоа како пример за инвестирање во загадувачко гориво.

Вашингтонската институција го потврди постоењето на писмото за Ројтерс, но не ја соопшти неговата содржина. Банката е еден од најголемите акционери во проекти поврзани со заштитата на животната средина. Ажурираниот план за борба против климатските промени се очекува следниот месец, пишува Ројтерс.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас им рече на министрите за финансии на Г20 и централните банкари дека институцијата ќе направи рекордни инвестиции во ублажувањето и прилагодувањето на климатските промени, втора година по ред во 2021 година.