Македонската економија закрепнува и според проценките на Светска банка до крајот на годината растот ќе достигне до 2,5%. Но политичка состојба и можните предвремени избори носат неизвесност.
Затоа директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Мантованели вели дека колку побрзо завршат политичките превирања, толку подобро за економијата.
„Секоја земја поминува низ свои политички процеси, а ова е многу важен за Македонија бидејќи се работи за критичен момент и критични прашања“ – вели Марко Мантованели, директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Во редовниот економски извештај, Светска банка оценува дека Македонија забележала најголем напредок од шесте балкански земји. Невработеноста се намалува, но загрижува што дури половина од активното население во земјавата ниту работи, ниту бара работа.
„Имате многу голем број на население кое е иселено во странство, и кој што праќаат дознаки од странство“ – рече Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.
Светска банка ја советува македонската Влада да го стабилизира јавниот долг кој до крајот на годината ќе порасне до 50% од БДП. Да ги применува во пракса законите што на хартија се одлично напишани. Да се воведе прогресивен данок за побогатите и да се вложува во луѓето и нивните вештини.
Лошата реализација на капиталните проекти од само 23% за Светска банка значи дека тие, или биле лошо подготвени или не и биле важни на Владата.