Ако се знае дека растот на цените на прехранбените производи беше еден од главните предизвикувачи на инфлацијата во Хрватска, прогнозите на Светска банка се причина за умерениот оптимизам на хрватските потрошувачи. Стапката на инфлација на храната во Хрватска од ноември 2022 година до јуни годинава е во постојан пад, покажуваат најновите податоци на Светска банка.
Таквата инфлација во минатата година беше најголема во ноември 2022 година, кога изнесуваше 20,4 отсто. Во јуни таа изнесуваше 12,4 отсто, што е за 2,4 отсто помалку од претходниот месец.
Имено, во однос на јуни, производите од споменатата категорија во јули поскапеле за 0,3 отсто, додека еден месец подоцна поскапеле за 0,2 отсто, што може да се препише на туристичката сезона. Сепак, Хрватска останува меѓу европските земји со највисоки стапки на инфлација на храната, наведува весникот.
За споредба, Естонија (16,4 отсто), Франција и Белгија (13,2 отсто) и Унгарија (23,1 отсто) имаа нешто повисоки стапки на инфлација на храната во Европа.
„Но, инфлацијата паѓа и кај нашите северни соседи, веќе во јули таа изнесуваше 17,1 отсто. Во декември 2022 година, стапката на инфлација на храната во Унгарија беше неверојатни 44,8 проценти. Стапките на инфлација на прехранбените производи во Германија се движат приближно исто како и кај нас“, објави Јутарњи лист.