Светската Банка со необичен предлог, на работниците да им се намалат платите за фимите да не ги заменат со машини и роботи.

Неспорно е дека развојот на технологијата влијае врз процесите на производство и врз работните места. Машините и автоматизацијата ги заменуваат луѓето, a ако таквиот тренд продолжи многу професии би можеле да исчезнат во блиска иднина.

Поаѓајќи од овие трендови Светската банка годинешниот извештај World Development Report 2019 одлучи да го посвети на прашањата што може да се направи за да се спасат тие работни места.

 

 

 

Во својот воведен текст од Извештајот, Светската банка изнесува помалку необичен предлог. Имено, експертите на Светската банка кои стојат зад Извештајот World Development Report сметаат дека намалувањето на платите на работниците, посебно на оние работни места кои се со ниски квалификации и кои лесно и со помалку трошоци би можеле да бидат заменети со машини.

Светската банка смета дека со укинување на минималната плата, но и со намалувањето на платите за работниците со мало искуство, како на пример студенти или почетници, би се зголемила вработеноста на луѓето и би се намалило влијанието на автоматизацијата на губењето на одредени работни места.

Во некои од предлозите од Извештајот се наведува дека треба да се намали и администрацијата околу вработувањето и отпуштањето на работниците, бидејќи тоа чини пари, а крајната цел е вработувањето на луѓето да се направи поисплатливо од воведувањето на технологија.
Извештајот наиде на ногу критики во светот заради тоа што во насоките кои се даваат не се води воопшто грижа за самите работници.

Во Извештајот на Светската банка се заклучува дека иако со поголемата автоматизација на производството и развојот на роботите и вештачката интелигенција многу работни места ќе бидат изгубени, овие трендови истовремено ќе отворат и некои нови и покреативни работни места.