Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк, Comex, достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца.
Како што пренесува „Ројтерс“, растот на цените на златото бил поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД набргу ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави.
ФЕД официјално не објави јасен став за каматните стапки, но инвеститорите веќе се обложуваат на нивно намалување.