Светскиот долг се искачи на рекордни 237 илјади милијарди долари во четвртиот квартал од 2017-та година, или повеќе од 70 илјади милијарди долари повеќе од пред една година, според анализата на Институтот за меѓународни финансии.

 

Во развиените земји долгот на населението, како процент од БДП, достигна рекордно ниво во Белгија, Канада, Франција, Луксембург, Норвешка, Шведска и Швајцарија. Ова е загрижувачки сигнал, во контекст на порастот на каматните стапки во светот.

 

 

Ирска и Италија се единствените две развиени земји каде долгот на домаќинствата – како процент од БДП – е под 50%.

 

Сепак, односот долгот кон БДП-то во светот паѓа петти последователен квартал во однос на позадина на забрзаниот раст на глобалната економија.

 

Односот моментно изнесува 317.8% од БДП-то, или 4 процентни поени под максимумот од третиот квартал од 2016-та, според Институтот за меѓународни финансии.

 

На пазарите во развој, долгот на домаќинствата (како процент од БДП-то) се приближува до 100% во Јужна Кореја, моментално изнесува 94,6%