Берзите стравуват дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување тарифи од 60 милијарди долари на кинески производи, би можел да предизвика трговска војна, oбјави Би-Би-Си.
Како реакција на тоа, јапонскиот акционерски индекс Никеи падна за 4,5%, а во САД – Дау Џонс потона за 2,9%.
Кина возврати на планираните тарифи, нагласувајќи дека иако не сака трговска војна, апсолутно не се плаши од една.
Американските тарифи се одговор на наводите за кражба на интелектуална сопственост од страна на Кина.
Пекинг соопшти дека цврсто се спротивставува на новите тарифи, а кинеското министерство за трговија пак се огласи дека е способно да одговори на сите предизвици, од друга страна пак, порача дека се надева дека САД нема да ги доведе во ризик билатералните економски и трговски односи.
Стравот од трговска војна предизвика нагло опаѓање на азиската берза. Кинеската Шангаи Композит индекс заврши со 3,4%, додека берзата во Хонк Конг – Хенг Сенг Индекс заврши пониско за 2,5%.