Поставувајќи ја на 59. место на нивната листа, од TasteAtlas како јадења кои мора да се пробаат во Македонија ги препорачуваат зелникот, селското месо, тавче гравчето и многу други.

Тие посочуваат и на неколку ресторани во државата, каде туристите можат да пробаат автентична и квалитетна локална храна, а помеѓу нив е и ресторанот „Антико“ од Охрид, каде двајца светски критичари за храна ја препорачале сармата како нешто што мора да се проба.

TasteAtlas е online енциклопедија на вкусови, светски регистар на традиционални јадења, локални намирници и автентични ресторани. Имаат каталогизирано повеќе од 10.000 видови храна и пијалоци, од кои дел се добро познати и популарни, а дел се подзаборавени и карактеристични за одреден град, регион или некое мало село во светот

– Патувајте, истражувајте, јадете и пијте. Откријте ги и ценете ги локалните вкусови, храната, пијалоците со почит кон луѓето кои ги подготвуваат, порачуваат од TasteAtlas.