Компанијата „Телеком Албанија“ за 50 милион евра е продадена на бугарската компанија „Albania Telecom Invest AD”.
Со компанијата раководат Спас Русев,кој поседува мнозинство од акциите на телекомуникацискиот бугарски оператор „Виваком“ и Елвин Гури, албанско-бугарски- инвеститор.
Веста за албанските медум ја потврдиле од грчката компанја „ОТЕ“ која е дел од групацијата „Дојче телеком“,во чија сопственост досега беше „Телеком Албанја“.
Претседателот и извршен директор на „ОТЕ“ Michael Tsamaz, изјавил дека продажбата на Телеком Албанија ја заокружила успешната инвестиција во групата ОТЕ во Албанија и оти продажбате е стратешка одлука.
-Подолго размислував да инвестирам во Албанија. Бидејќи веќе 27 години сум надвор од земјата, сметам дека е морална обврска да најдам начини и средства да инвестирам во мојата земја. Денес, Албанија е мирна и привлечна дестинација за инвестиции, особено за некој како мене,-изјави Гури,кој последните дваесет години живее во Бугарија
Во моментов „Виваком“ е најголема бугарска телекомуникациска компанија која обезбедува највисок квалитет на услуги. Имаше успешна финансиска година во 2017 со приходи од 455 милиони евра и профит од 165 милиони евра.
Одлука да се продаде „Телеком Албанија“ е донесена по намалената добивка поради малиот пазар,како и други проблеми поврзани со бизнис климата.
За купување на „Телеком Албанија“ зантересирана беше и компанијата „Телеком Србија“ која понуди 60 милони евра и беше најповолна понуда но за албанската Влада не било прифатливо поради можните реакции од политичка природа.