Тензично е овие денови во населбата Христо Узунов во центарот на Охрид. Имено, Телеком поставува предавател, кој е штетен по здравјето на луѓето, и воопшто не ги слуша повиците на локалното население.
Предавателот се поставува на стамбена зграда, каде за некоја ситна награда или ситен бенефит на жителите на зградата, опремата за предавателот незапирливо се поставува.
За тоа, колку е штетна оваа опрема т.е. предавател по здравјето на луѓето има многу научни докази, статии и потврди од еминентни светски извори. Сето тоа се игнорира, како што се игнорира и бесот и револтот на локалното население од населба Христо Узунов, една од најгусто населените места во Охрид, во центарот на градот со над 10.000 жители.
Изненадува инертноста, самоволието и арогантниот однос како на Македонски Телеком, така и на надлежните власти, на локалната власт, и на станарите на посочената зграда.
Редакцијата на БанкоМетар.мк , која воедно и локациски е сместена во оваа населба, дава безрезервна поддршка на локалното население, кое неколку пати протестираше пред зградата а утре 17/10/2019 ( четврток ) ќе протестира пак и официјално се поднесуваат барања и петиции до надлежните.
Од разговорите со преставници на жителите на населбата може да се забележи бес, нервоза и огорченост.
Затоа апелираме до Телеком, локалната самоуправа, државните власти и сите други надлежни органи, во најитно време да го стопираат поставувањето на оваа опрема во нашата месна заедница, бидејќи работите за брзо можат да излезат од контрола и да бидат со несогледливи последици.
Нема да дозволиме за профитот на Телеком или некој мал, смешен и беден профит на членовите на куќниот совет на зградата да не трујат и зрачат во нашите живеалишта, па која сака нека биде цената за тоа. Жителите се едногласни по ова прашање и нема да не премислат или уплашат од ниедна страна.
Отстапка нема да има, нема да се повлечеме !!!
Наум Димитровски