Приходот за компанијата за електрични автомобили во првиот квартал достигна најниско ниво за три години
Tesla Inc. има за цел собирање на 2 милијарди долари од новата јавна понуда на своите активи, пишува Блумберг.
Технолошката компанија ќе понуди хартиии од вредност ( обврзници ) во износ 1,35 милијарди долари на њујоршката берза и акции во вредност од 650 милиони американски долари. Илон Муск објави дека ќе инвестира 10 милиони долари за да го зголеми уделот во сопствената компанија, објави Блумберг.
Минатата година, извршниот директор на Тесла објави дека нема да има потреба за дополнителен капитал, но проблемите со производството и продажбата на електрични автомобили се наталожија премногу. Приходите за првиот квартал од 2019 година паднаа на 2,2 милијарди долари, што е најниско ниво во 3 години.
Цената на акциите на компанијата пред официјалната понуда се зголеми за 4,7% на 244,98 долари по акција. Така вкупниот раст на акциите на Тесла за годината достигна 30%.