Тиквеш АД Скопје  со зголемен раст на приходите и добивката ја заврши 2017 година.

 

Вкупните приходи забележаа раст од 12%, односно зголемување за 152,5 мил. денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 7%) и од странските пазари (за 18%). Бруто добивката бележи раст од 11%, односно зголемување за 55 мил. денари.

 

Зголемената бруто добивка и зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 22% резултираа со оперативна добивка од 225 мил. денари, односно зголемување за 42% во споредба со 2016 година.

 

Финансиските расходи се намалени за 14 мил. денари. Остварена е Нето добивката од редовното работење пред оданочување на износ од 179,9 мил. денари односно зголемување за 80,6 мил. денари.

 

За работењето во 2017 година не беа исплатени дивиденди.

 

Во 2017 година се остварија вложувања во материјални средства од 56 мил. денари. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.

 

Се оствари намалување на краткорочното кредитното задолжувања од 80% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

 

Бруто приходите во 2018 година се предвидени на износ од 1.583 мил. денари, што претставува зголемување од 10% споредено со 2017 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар се планира да учествува со 44% додека извозните пазари да учествуваат со 56%. За 2018 година нето добивката пред оданочување се естимира со зголемување од 5% во споредба со претходната година.