Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД и натаму размислуваат за можностите за ограничување на увозот на нафта од Венецуела.
“Ситуацијата во Венецуела се влошува. Еден од аспектите за кои ние мора да го земеме во предвид, доколку воведеме санкции, како тие ќе влијаат на населението. Може овој чекор да го забрза крајот”, рече Тилерсон на заедничката прес-конференција со аргентинскиот колега Хорхе Фаурие, укажувајќи на економската и политичката криза во Венецуела и ја споменува можноста за забрана на продажба на венецуелската нафта во САД.
Државниот секретар на САД, кој е на турнеја низ Латинска Америка, изјави дека е загрижен за “хуманитарната криза” во Венецуела и побара свикување на “слободни и фер” избори.