Понатамошно занемарување на инфлацијата и необезбедено печатење пари ќе ја турне глобалната економија во голема криза, се вели во последниот извештај на економистите на Дојче банка.

Економистите предупредуваат дека печатењето пари без преседан, кои се вбризгуваат во економијата, а се отфрлаат стравувањата од инфлација, ќе доведат до големи економски последици, ако не во блиска иднина, тогаш во 2023 година и подоцна.

Извештајот укажува на американски паричен стимул, кој наводно може да се спореди со оној забележан околу Втората светска војна.

„Иако постојат многу значајни разлики помеѓу пандемијата и Втората светска војна, забележавме дека годишната инфлација беше 8,4 проценти, 14,6 проценти и 7,7 проценти во 1946, 1947 и 1948 година откако економијата се нормализира и се акумулира побарувачката.“ се забележува во извештајот на Дојче банка.

Експертите предвидуваат страшни последици од политиката на Федералните резерви, што поддржува толерирање на повисока инфлација во полза на целосно закрепнување на економијата на земјата по кризата поради пандемијата на Ковид-19, објави Спутник, повикувајќи се на РТ.

„Последица на толерирање на инфлацијата ќе биде поголемо нарушување на економската и финансиската активност отколку што би се случило доколку ФЕД конечно постапи правилно. Во исто време, ова може да создаде значителна рецесија и да започне ланец на финансиски кризи низ целиот свет, особено на пазарите во развој “, се додава во извештајот.

Според аналитичарите на банката, поради занемарување на инфлацијата, глобалната економија „седи на темпирана бомба“.