Во последните 10 години нема некоја измена во топ 10те земји со најголеми резерви на злато.  САД продолжуваат да се на прво место со резерви над 8.000 тони, што е еднакво на резервите на следните три земји во рангирањето.

 

Шест години по ред Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, тоа им придонесува да бидат пред Кина, која беше  на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Како најголем продавач на злато втора година по ред е Венецуела.

Во продолжение ви ја даваме листата со топ 10 земји со најголеми резерви на злато од почетокот на 2018 година :

  1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;
  2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;
  3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;
  4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;
  5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата:
  6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;
  7.  Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;
  8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;
  9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;
  10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;