Јапонскиот производител на автомобили “Тојота” ќе инвестира 600 милиони американски долари во кинеската компанија за споделување на патувањето “Didi”, помагајќи да се прошири компанијата која работи со загуба, објави Блумберг.
Toyota ќе работи со Didi за да обезбеди услуги за изнајмување на автомобили и услуги за одржување. Јапонската компанија ќе ја користи својата технологија за поврзување на возилата за да го прошири бизнисот на Didi, се вели во пораката од двете групи.
Тојота инвестира во компанијата која претрпе голем број предизвици минатата година. Мерките на кинеската влада го пореметија снабдувањето со автомобили на Didi и смртта на двајца патници кои ја користеле услугата доведоа до забрана за еден од најпрофитабилните бизниси на компанијата, објави Блумберг.
Некои инвеститори се сомневаат дека компанијата ќе се врати во профитна зона. Сепак, раководството на кинеската група планира да го прошири својот бизнис во Латинска Америка, истовремено гледајќи различни можности за финансирање и одржување на автомобили.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност на редакцијата на БанкоМетар.мк