Баркодот – ознака на производите што изгледаат како ленти од зебра – е сеприсутен во последните 50 години, но неговите денови сега се одбројани. Поточно, тоа е период од две години по кој баркодот треба да престане да се користи. Глобална организација која ја надгледува нивната употреба рече дека трговците на мало ќе имаат помоќна алтернатива во рок од две години, информира Кликс.ба. Некои продавачи веќе пробуваат кодови од новата генерација. Новите шифри содржат датум на продажба, упатства за производите, алергени и состојки, како и цени. Нивната имплементација ќе значи „збогум со старомоден баркод“, според ЏС1, меѓународната непрофитна организација која го одржува глобалниот стандард за баркодови.
Teско започна да ги користи на некои производи, а други испитувања покажаа дека отпадот од лесно расиплива храна, како што е живината, може да се намали со вметнување на датуми за продажба во новите QR кодови, што овозможува подинамично намалување на цените. Кока-Кола користела и нова генерација шифри на одредена количина производи. Дел од експертите сметаат дека информациите за неизбежно исчезнување на бар-кодовите се предвремени, посочувајќи дека нема голема потреба од нови шифри, а трошокот за редизајн на амбалажата е превисок.