Досега, воопшто не ми се допаѓа мојот избор на Пауел, признава претседателот на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше Федералните резерви на САД и нејзиниот водач, Џером Пауел.
“Досега, не ми се допаѓа мојот избор за Џеј”, изјави Трамп за Вашингтон пост. „ Не обвинувам никого, но ви велам, мислам дека ФЕД се збуни со работите што ги прави “.
Самиот Трамп го номинира Пауел за гувернер на централната банка пред малку повеќе од една година. Претседателот на САД ги критикуваше ФЕД неколку пати во последниве месеци, поради сè поголемото стегање на монетарната политика која ја нарече “луда” и ги опиша нејзините мерки ( на ФЕД ) како “апсурдни”.
Сега претседателот појасни дека политиката на централната банка е одговорна за последните паѓања на берзата и најавеното од GM оваа недела затворање на пет фабрики во Северна Америка, придружено со намалувањето на 14 000 вработени во следната година.
Бидејќи федералните резерви во голема мера ги постигнуваа своите цели во оваа фаза на раст на економијата, постепено почнаа да се зголемуваат каматните стапки за да се задржи инфлацијата под контрола. Трамп сепак се плаши од потхранувањето на радикалната даночна реформа за заздравување на економијата. “ФЕД направи огромна грешка”, изјави тој за весникот.
“Јас склучувам договори и не сум поддржан од Федералните резерви”, вели Трамп пред медиумите. “Тие прават грешка, бидејќи имам талент и осет кој ми кажува понекогаш повеќе од било кој друг што може така да ми каже”.