(Блумберг) – Претседателот Доналд Трамп го потврди својот став дека намалувањето на каматните стапки на федералните резерви ќе му помогне на американската економија да расте побрзо, и рече дека американските централни банкари не знаат што прават.

Растот “ќе биде како ракета”, ако ФЕД олабави, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа во петокот кога се подготвуваше да отпатува на својот терен за голф во Бедминстер, Њу Џерси.

“Ако имавме Банка на федерални резерви која ќе ги намали каматните стапки, ќе бидеме како ракети, но ние плаќаме големи камати и тоа е непотребно”, рече Трамп. “Нашата централна банка (ФЕД) не знае што прави, тоа е еден од главните проблеми на нашата економија”.

Претседателот постојано ја критикува Банката на федерални резерви и претседателот Џером Пауел за зголемувањето на каматните стапки во 2018 година и неуспехот да го сменат курсот.

Трамп, исто така, во петокот рече дека за времето на претседателот Барак Обама имало пониски каматни стапки за време на неговата администрација. “Тогаш имавме камати блиску до нула. Сега плаќаме премногу високи камати на банкарите “, рече Трамп. “Сепак, нашата економија е многу подобра од онаа во тоа време.”