Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот издаде строго предупредување до Турција, заканувајќи се дека ќе ја уништи нивната економија доколку Анкара „оди предалеку“ со преземање на воен удар во Сирија, иако претходно самиот лидер на САД ја отвори вратата за нападот на Турција врз американските курдски сојузници.
Трамп се закани дека „целосно ќе ја уништи и избрише турската економија“ доколку турската војска преземе акција во Сирија, која ќе ја смета за „преминување на границата“, по нејзината одлука во неделата да ги повлече американските сили од североисточна Сирија, пренесува SEEbiz.
Повлекувањето на американската војска ќе ги остави ранливите курдски сили во Сирија, кои долго време беа во сојуз со Вашингтон, на можен воен напад од страна на Турција, која ги нарекува терористи.
Грубите зборови на Трамп се насочени пред се да ги привлечат американските критичари, кои го обвинуваат за предавање на курдските сојузници со повлекување на американските сили.
Водечките демократи и републиканци во Претставничкиот дом на САД и Сенатот ја осудија одлуката на Трамп да се повлече од Сирија, а беше критикувана дури и од некои од најцврстите поддржувачи на републиканците, како што е сенаторот Линдзи Греам, кој за Фокс њуз рече дека „никогаш не било во интерес на националната безбедност да се остават сојузниците кои ни помогнаа да се бориме против ИД “.
„Како што кажав порано и само повторувам – ако Турција направи нешто за што мислам дека е надвор од границите, јас целосно ќе ја уништам турската економија (тоа веќе го сторив)“, рече Трамп во еден од твитовите.
Подоцна во Белата куќа, Трамп изјави дека во телефонскиот повик го предупредил турскиот претседател Таип Ердоган дека Турција ризикува „екстремно распадната економија“ доколку се однесува на „нехуман“ начин во Сирија.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк