Пред Генералното собрание на ООН, претседателот ги повика другите држави да ги заштитат своите граници и да го отфрлат бришењето на националниот идентитет

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати ја критикуваше глобализацијата во говорот пред Генералното собрание на ООН.

Во својот говор, тој ги повика другите земји да ги заштитат своите граници и да го отфрлат бришењето на националниот идентитет.

„Иднината не им припаѓа на глобалистите, иднината им припаѓа на патриотите“, рече претседателот, цитиран од Блумберг.

Претседателот премина на темата Иран, велејќи дека ниту една земја не смее да ја охрабри „жедта за крв“ на Исламската Република и предупреди дека Техеран треба да престане да им се заканува на другите земји.

Според шефот на државата, властите во земјата ги разгоруваат војните во Сирија и Јемен, додека истовремено ги трошат парите на земјата за нивниот „фанатичен марш кон нуклеарно оружје“.

„Никогаш не смееме да дозволиме да се случи тоа“, рече тој.

Во својот годишен говор, Трамп ги вклучи вообичаените пофалби за американската моќ, обраќајќи се уште повеќе со предупредувања за неконтролираната миграција и недостатокот на регулатива на социјалните мрежи.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, од своја страна, рече дека е отворен да разговара за мали измени и дополнувања на договорот за иранската нуклеарна програма, доколку САД ги укинат санкциите изречени врз Исламската Република, јави БТА. Рохани ова го изјави пред новинарите во Њујорк, каде утре ќе го одржи својот говор пред делегатите на Генералното собрание.

Претходно денес, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да ги укине санкциите наметнати за Иран.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк