Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека индиските царини се неприфатливи за американските производи.
“Индија веќе предолго користи царини за американските производи. Тоа веќе е неприфатливо”, напиша Трамп на Твитер.
Индија неодамна воведе повисоки царини на 28 американски производи, откако САД го укинаа бесцаринскиот третман за голем број индиски производи. Официјален Вашингтон, исто така, е вознемирен поради плановите на Њу Делхи да го ограничи прекуграничниот проток на податоци и да воведе построги правила за електронската трговија кои можат да наштетат на американските компании кои работат во Индија.
Трамп на 5 јуни на Индија и го укина привилегираниот статус во трговијата, кој на таа земја и овозможи бесцарински извоз во вредност до 5,6 милијарди долари.