Преговорите за втората фаза од трговскиот договор на САД и Кина наскоро ќе почнат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп од говорницата на Светскиот економски форум во Давос.
– Во најблиска иднина ќе почнеме преговори, рече Трамп, дополнувајќи дека повеќето американски такси, кога е во прашање Кина, ќе останат непроменети и во втората фаза од преговорите.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во присуство на потпретседателот Мајк Пенс и Лу Хе, вицепремиер на Државниот совет на Кина, минатата недела ја потпишаа таканаречената „прва фаза” од долгопреговараниот трговскиот договор со Кина. Овој договор е една од ретките политики на претседателот Трамп едногласно одобрена од неговите опоненти, демократите во Конгресот.
Согласно договорот од првата фаза, Кина се обврзува да спроведе значајни реформи во низа клучни области и во наредните две години да откупи од САД стоки во вредност од 200 милијарди долари. Договорот е заснован на сигурен систем за регулирање на спорови за нивно брзо и ефективно решевање и придржување на начелата на договорот.
Испочитувани се области како заштита на авторски права, запирање на принуден трансфер на технологии, зголемување на обемот на закуп на американски земјоделски производи, симнување на бариерите за американски финансиски услуги, стоп за манипулацијата со курсот на јуанот и запазување на балансот во трговските односи меѓу САД и Кина, како и регулирање на споровите.