Претседателот Доналд Трамп во саботата изјави дека Соединетите држави и Кина „многу наскоро“ ќе го потпишат својот таканаречен трговски договор од фаза 1.
„Ние штотуку постигнавме напредок во трговскиот договор и ќе го потпишеме многу наскоро“, рече Трамп во Флорида
Договорот од Фаза 1 беше најавен на почетокот на овој месец, како дел од напорите да се стави крај на повеќемесечната жестока трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги разниша пазарите и го погоди глобалниот раст.
Во договорот, Соединетите држави се согласија да олеснат некои царини, а за возврат да ја натераат Кина на поголеми количини во нарачките за американските земјоделски производи.
Секретарот за финансии Стивен Мнучин минатата недела изјави дека договорот ќе биде потпишан на почетокот на јануари, додавајќи дека договорот е веќе преведен и е подложен на техничка обработка.