Според претседателот, САД уживаат “извонредно ниска инфлација”, критикувајќи ги “постојано растечките каматни стапки”
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако федералните резерви ги намали каматните стапки на еден процентен поен и се обнови политиката за купување на обврзници, тоа ќе ја истрела економијата “како ракета”. Неговиот коментар доаѓа во пресрет на средбата на раководството на централната банка, пишува Bloomberg.
Во серија на твитови државниот водач ја критикуваше ФЕД за тоа дека “постојано ги зголемува каматните стапки” во позадината на “прекрасно ниската инфлација” во САД. Тој исто така ја поздрави Кина за воведувањето на “прекрасни стимуланси” за економијата, со што одржува каматата ниска.
Ова е уште една критика на претседателот против централната банка и нејзиниот гувернери Џером Пауел, кого лично го избра, поради зголемувањето на каматите во 2018 година и неодамнешната одлука на ФЕД да го смалуваат постепено портфолиото на државни обврзници. Според Трамп едно од решенијата е назначувањето на членови верни на политиката во раководството кои ќе ја балансираат линијата на Пауел.
Но повлекувањето на еден од избраните од него кандидати од Управниот одбор на Банката на федерални резерви – Херман Кејн, го зголеми притисокот врз другиот избраник Стивен Мур. Тој се соочува со растечки критики – вклучувајќи ги и водечките републикански партиски сенатори.