Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во следниот месец ќе воведе нови царини од 25 отсто за увоз на граѓа и производи од дрво, откако претходно изјави дека планира да воведе царини за увоз на автомобили, полупроводници и фармацевтски производи.

Трамп им рече на новинарите на Air Force One дека планира тарифите од 25 отсто за граѓа и производи од дрво да стапат на сила околу 2 април, кога тој исто така очекува да воведе царини за увоз на автомобили во приближно ист износ, објави Ројтерс.

Тој посочи дека САД ќе генерираат големи приходи од царините, но понуди и одложување на воведувањето тарифи доколку другите земји ги намалат или укинат сопствените давачки за увоз на американски стоки.