Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Канада и Мексико од 1 февруари.

„Размислуваме за царина од 25% за Мексико и Канада бидејќи им дозволуваат на многу луѓе да влезат во САД, а исто така и многу фентанил“, рече Трамп во Белата куќа неколку часа по преземањето на функцијата.

Тој објасни дека тарифите се размислува да стапат во сила од 1 февруари.

За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе воведе царина од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Мексико и Канада, доколку тие земји не го прекинат протокот на дрога и мигранти во САД.

Мексико и Канада се теоретски заштитени со договорот за слободна трговија потпишан за време на првиот мандат на Трамп, кој тој го нарече „најдобро можен“.