Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предупреди дека земјите од БРИКС би можеле да се соочат со царини од САД доколку постават сопствена валута, нагласувајќи дека идејата за „поткопување на доларот сега е мртва“.
Трамп, исто така, рече дека планира да воведе царини за увезените автомобили околу 2 април, пренесува Ројтерс.
Администрацијата на Трамп денеска објави дека додели дозвола за извоз на течен природен гас до терминалот на Комонвелтот ЛНГ во Луизијана, што е прво одобрение за извоз на овој ресурс откако поранешниот претседател Џозеф Бајден го паузираше на почетокот на минатата година, пренесува Танјуг.