Доналд Трамп во петокот вети пониски даноци за американската средна класа, доколку биде реизбран следната година и неговата партија освои мнозинство во двата дома на Конгресот.

„Ние значително ќе го намалиме просечниот данок на доход ако го земеме Претставничкиот дом“, им рече американскиот претседател на новинарите.

Демократите во моментов имаат мнозинство во Долниот дом на конгресот а републиканците во Сенатот.

„Ќе зборуваме за тоа подоцна. Ќе пристапиме кон значителен пад на даноците на просечните приходи (…) на кои им помогнаа минатите намалувања на даноците “, додаде Трамп.

„Ќе биде едно од прашањата да се преземе контролата во Претставничкиот дом затоа што демократите претпочитаат зголемување на данокот, а не намалување на даноците“, рече тој.

Последната влада на Доналд Трамп донесе голема реформа на законот за данок, од кој требаше да има корист средната класа и ги намали даноците во вредност од 1.500 милијарди американски долари за 10 години. Оваа реформа донесе и намалување на даноците за компаниите со што ги намалија стапките на данок од 35 на 21 процент.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк