Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија.
Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат загрижувачки трговски суфицит со САД.
„Европската унија се однесува многу, многу лошо со нас“, рече тој.
„Значи, тие ќе мора да се соочат со тарифи. Тоа е единствениот начин да се постигне правичност“, додаде тој.
Трамп изјави дека размислува да воведе царина од 10 отсто за увоз на кинески стоки веќе од 1 февруари.
Во претходните изјави за новинарите во Белата куќа, тој ја оправда оваа мерка со тврдењето дека Кина испраќа фентанил во САД преку Мексико и Канада.
Овие изјави следеа по заканите на Трамп дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот од Мексико и Канада.
Трамп рече дека ќе воведе царини додека Кина не го запре протокот на нелегални дроги, особено фентанил, во САД.
За време на кампањата, тој го обвини Пекинг дека не прави доволно за да го запре протокот на недозволени дроги што влегуваат во САД од Мексико.
„Додека ова не престане, ние ќе и наплаќаме на Кина дополнителни 10 отсто царини, покрај сите дополнителни царини, за сите нивни многу производи што доаѓаат во Соединетите држави“, рече Трамп.
Тој претходно вети дека ќе го отповика трговскиот статус на најповолна нација на Кина и ќе воведе царини за кинескиот увоз од повеќе од 60 отсто, многу повисоки од оние воведени за време на неговиот прв мандат.
Иако тој не ги спомна конкретно САД, кинескиот вицепремиер изјави во Давос дека неговата земја бара решение „вин-вин“ за трговските тензии и дека сака да го прошири својот увоз.
„Сакаме да воведеме поконкурентни и поквалитетни производи и услуги за да промовираме урамнотежена трговија“, рече тој.
„Протекционизмот не води никаде. Нема победници во трговската војна. Треба не само да го зголемиме уделот на економската глобализација, туку и подобро да го распределиме“, додаде тој.
Широките царини беа едно од клучните предизборни ветувања на Трамп. Сепак, аналитичарите веруваат дека тоа најверојатно ќе доведе до повисоки цени за Американците и проблеми за компаниите погодени од странска одмазда.
Тој најави и царини за Канада и Мексико
Трамп не воведе веднаш царини, како што претходно вети, но рече дека размислува да воведе царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико на 1 февруари поради илегалните имигранти кои влегуваат во САД и поради фентанил.
Откако положи заклетва како претседател, Трамп не воведе брзо царини за два од американските соседи, но им нареди на федералните агенции да ги истражат постојаните трговски дефицити и нефер трговските практики, како и наводните манипулации со валутата од други земји.
Во претседателскиот меморандум, Трамп им нареди на министерствата за трговија и финансии, како и на Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да ги истражат ризиците што ги претставуваат големите трговски дефицити за економската и националната безбедност и да предложат соодветни мерки, како што се дополнителни глобални царини или други политики, за да се решат таквите дефицити.
Трамп, исто така, може да воведе универзална царина за сите увозни производи во САД
Инвеститорите се подготвуваа за тарифи на првиот ден на Трамп, кои би можеле да ги попречат долгогодишните трговски договори, но писмото на Трамп всушност бара дополнително истражување што би можело да ги поддржи идните тарифни акции.
Одложувањето на царините доведе до закрепнување на глобалните цени на акциите и зајакнување на другите валути во однос на доларот. Американските финансиски пазари беа затворени вчера, но се отвораат денеска.
На прашањето на новинарите во Белата куќа дали има намера да воведе универзална царина за сите увозни производи во САД, Трамп одговори дека тие сè уште не се подготвени за тоа, но можеби ќе бидат подготвени во иднина.
На прашањето за царините за Канада и Мексико, тој одговори дека размислува за царина од 25 отсто, бидејќи тие две земји наводно дозволуваат голем број луѓе да влезат во САД, како и фентанил.
Трамп, исто така, рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија преку царини или дополнителен извоз на енергија.
Тарифите беа тема во текот на денот на инаугурацијата, при што Трамп нагласи дека таквите мерки може да донесат огромни приходи за земјата, бидејќи неговата администрација се обидува да ја обнови американската индустрија.
Царините ќе ги наплаќа новата агенција наречена Служба за надворешни приходи.
Во САД, УЈП инаку се нарекува Служба за внатрешни приходи.
„Тарифите ќе не направат проклето богати. Тоа ќе ги врати американските компании кои не напуштија“, им рече Трамп на поддржувачите во Вашингтон.