Веќе трет ден, системот во УЈП за генерирање на фолио броеви не функционира. И тоа, трет работен ден, ако се има во предвид дека вторникот ( 04.06.2019 ) беше неработен, вкупно четири дена.
Овој проблем, најверојатно настана после 31-ви Мај, кога беше последниот рок за потврдување на даночните пресметки во системот на УЈП.
Но, сепак, без конкретна информација од УЈП што го предизвикува застојот, но и се погласните негодувања од страна на фирмите, кои не можат да платат ни закупнини, ниту останати потреби каде е потребна генерација на фолио бројот, значително им се отежнува работата на компаниите на почетокот на месецот.
Се надеваме дека до утре ќе биде разрешен овој проблем и фирмите ќе можат да функционираат нормално.