Трет саем на социјални претпријатија ќе се одржи попладне пред Центарот на социјални претпријатија зад Меморијалот на Мајка Тереза во Скопје.
Саемот ќе почне во 16 часот со изложување на социјалните претпријатија, а ќе трае до 20 часот. Официјалното отворање е во 18 часот.
– Саемот ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир. Поздравни говори ќе имаат и амбасадорот на Франција, Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Полска, Кшиштоф Грзелчик, Алберт Хани – генералниот секретар на RYCO, Барбара Садовска – тим лидерката на проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ и Филип Иваноски – управниот директор на „Пакомак“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.