Состанокот на извршниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска треба да одржи состанок бидејќи претстојното повлекување на Соединетите држави предизвика дупка во буџетот, јави ДПА.
Откако претседателот Доналд Трамп им нареди на САД да излезат од СЗО на неговиот прв ден на функцијата, во седиштето на агенцијата на ОН во Женева владее атмосфера на тревога.
САД се убедливо најголемиот придонесувач за СЗО. Во 2024 година, нивниот удел во буџетот беше 18 отсто.
САД моментално се претставени во извршниот одбор, кој има 34 членови и е највисокото тело за одлучување на СЗО помеѓу годишните генерални состаноци.
Повлекувањето на САД треба да стапи на сила на 22 јануари 2026 година, но новата администрација во Вашингтон им наложи на своите службеници веднаш да ја прекинат соработката со СЗО.
СЗО се надева дека другите земји ќе размислат за зголемување на нивниот придонес.
Задолжителниот придонес на сите 194 земји-членки на СЗО се заснова на економската сила на една земја. Кога Трамп ги задржа средствата за СЗО за време на неговиот прв мандат, Германија се вклучи и беше најголемиот придонесувач во буџетскиот период 2020-2021 година, наведува ДПА.