Пазарната инспекција изрече казни од над 2 милиони денари за трговците кои не ја почитувале владината одлука. Казнети се 5 големи ланци на маркети. Во нивни продавници се утврдени неправилности. Непочитување на мерката има и кај 3 средни од кој еден во Арачиново, како и кај мали трговски објекти од Скопје, Битола, Куманово, Гостивар и Валандово.

Првиот човек на Пазарна за вели дека она што го прават трговците е недопусливо.  Ако со владината мерка е опфатено кафето од 200 грама, сега  го продават како 194 грамско, само за да не поевтини.

„Киселото млеко кое е опфатено со одлуката  е од  400 до 500 грама,. Сега, за да се заобиколи законот, на пазарот го има истото, но како  300 грамско. Нека ги има и тие  производи  во толкаво пакување, но мора да има и 400 грамско, кое е опфатено во одлуаката. Затоа што во законски мора да имаат 70%  од производите на залаха како претходниот месец“, изјави Горан Трајковски, директор на Државен Пазарен Инспекторат.

Состојбата на терен покажува дека само мал дел од производите се продаваат поевтино. Трајковски вели дека казни ќе заработат и  трговците кои ги качиле цените пред да се донесе владината одлука или ги тргнале тие производи од рафтовите.

„Наидовме повторно на обиди да се заобиколи одлуката, за да се избегне намалување на цените. Ние се уште имамо производи кои не се означени дека се опфатени со мерката, што е крајно несеризоно“, додава Трајковски.