Во 2023 година трговската размена меѓу Русија и Кина се зголемила за 26,3 отсто на годишно ниво на рекордни 240,11 милијарди долари.
Ова го покажаа најновите податоци на Генералната царинска управа на Кина.
Во 2023 година кинескиот извоз во Русија се зголемил за 46,9 отсто на годишно ниво на речиси 110,97 милијарди долари, додека во истиот период Русија извезла стоки во Кина за 129,14 милијарди долари, што е за 12,7 отсто повеќе од 2022 година, пренесува Комерсант.
Трговскиот суфицит на Русија со Кина е преполовен во однос на 2022 година и изнесува 18,17 милијарди долари.
Уделот на националните валути во меѓусебната трговија меѓу Русија и Кина изнесува речиси 92 отсто, изјави вицепремиерот на Русија Дмитриј Чернишенко.