Според прелиминарните проценки, во декември 2023 година, во Еврозоната е забележан трговски суфицит од 16,8 милијарди евра, објави „Еуростат“.
Во овој период била извезена роба во вредност од 218,7 милијарди евра, или за 8,8 отсто помалку отколку во истиот период 2022 година.
Извозот на горива ,меѓугодишно бил намален за 25,4 отсто, суровините за 11,4 отсто, индустриските производи за 9 отсто, машините и транспортната опрема за 7,6 отсто.
Декемврискиот извоз во Еврозоната паднал за 18,7 отсто или 201, 9 милијарди евра, на меѓугодишно ниво.
Пад имало и кај увозот на горива, за 38,3 отсто на меѓугодишно ново, суровите на 19,6 отсто, индустриските производи на 12,4 отсто, машините и транспортната опрема на 9,8 отсто.
Трговскиот суфицид во ЕУ во декември изнесувал 15,7 милијарди евра, при што, во скоро сите земји од ЕУ бил пријавен пад на увозот и извозот во однос на декември 2022 година.
Единствената земја од ЕУ која забележала раст на извозот била Португалија со 0,3 отсто, а најголем меѓугодишен пад на извозот од 55,5 отсто бил забележан во Кипар. Данска е единствената земја од ЕУ која забележала меѓугодишен раст на увозот, за 0,7 отсто, додека најголем меѓугодишен пад бил забележан во Литванија и изнесува 30,01 отсто.