Трет банкар на Голдман Сакс е уапсен во последните 18 месеци и е обвинет за трговија со инсајдери.
Брајан Коен, потпретседател за инвестиции во Голдман Сакс, беше обвинет во петокот дека имал корист од шемата што, наводно, генерирала 2,6 милиони долари нелегална добивка, според судските записи.
Комисијата за хартии од вредност соопшти дека Коен добил компензација за информациите доставени до неименуван трговец на акции за идните понуди за преземање од швајцарската агрохемиска компанија Сингента во 2015 година и Бафало Вингс во 2017 година, пренесува Б92.
„Коен директно или индиректно ги пренесуваше информациите на најмалку едно лице кое ги користело во трговијата со хартии од вредност“, се вели во обвинителството. „Коен очекуваше и добиваше пари во замена за инсајдерските информации што ги даде“, додаде тој.
Коен беше уапсен во петокот. Комисијата, исто така, го обвини грчкиот државјанин и сопственик на ресторан, по име Џорџ Никас, за профитирање од информациите што Коен ги дал на неименуван трговец на акции.
Обвинението против Коен го следат уште две обвиненија за трговија со инсајдери од банкари на Голдман Сакс во текот на изминатата година и половина.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк