Вредноста на извозот на 15-те најголеми извозници во Србија во првата половина од годинава изнесува 4,2 милијарди евра, а најголеми извозници се три компании во сопственост на кинески компании, соопшти Министерството за финансии, пренесува Н1.

Извозот на рударството Жиѓин од Брестовац е 631,2 милиони евра, бакарот Жиѓин од Бор 427,5 милиони евра, а ХБИС Груп, сопственик на железарницата Смедерево, 347,3 милиони евра.

На четврто место е Тигар Тајрс од Пирот со извоз од 292,7 милиони евра, а по него е Леони од Прокупље со извоз од 292,2 милиони евра. На таа листа се и ЗФ од Панчево со извоз од 288,2 милиони евра, СМЦ Повер од Белград со 264,8 милиони, Бош од Белград со 256,4 милиони, Хенкел од Белград со 246,8 милиони, Јура од Рача со 227 милиони евра.

Меѓу најголемите извозници се Нафтна индустрија Србија со 201,1 милиони евра, Хемофарм од Вршац со 199 милиони, Филип Морис од Ниш со 171,1 милиони, Горење од Ваљево со 169,4 милиони и Mинт Отомотив од Лозница со 168 милиони евра.