Три први места за вработените на Комерцијална Банка на годинашните синдикални спортски игри, и тоа во категориите фудбал (мажи), одбојка (мешана екипа) и пинг понг (жени). На второ место завршија тимовите што се натпреваруваа во кошарка (мажи), куглање (мажи) и куглање (жени).

Спортските игри ги организираше Синдикатот на финансиски организации на Македонија по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври. Комерцијална банка имаше свои претставници во сите спортски категории, а одличните резулати беа постигнати во конкуренција на вработени од седум финансиски институции.

Тимскиот дух, посветеноста и желбата за успех придонесоа за одличните резултати на вработените во Комерцијална банка. Банката ги поддржува своите вработени и понатаму да останат посветени на спортскиот дух и тимската работа затоа што на тој начин успехот во животот и во работата е загарантиран.