За поуспешно менаџирање со кризата експертите велат дека е потребно да се дизајнираат економските политики на дневна основа а народната банка да не биде нем набљудувач. Поранешни министри предупредуваат дека оваа инфлација сигурно ќе заврши како стагфлација. Ако енергетската криза и цените на ресурсите постојано се држат под контрола од страна на Владата тоа само ќе го пролонгира опоравувањето на целокупната економија.

Политичарите поради страв од избори, креираат лажна слика за успешно справување со кризата смета поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Живееме во еуфорија на навала на инвестиции во соларни панели, но нам ни фали основен столб во енергетиката, да се обноват од корен енергетските капацитети.

Мерките  кои се дизајнираат треба да се прават на дневна основа, координирано и во функција на стопанството со краен инпакт врз стандардот на граѓаните порачуваат експертите.

На панелот кој го организира Народната банка зборуваа академици, професори, поранешни министри, дебатата ќе продолжи и во наредните денови.