Првиот фонд за бизнис инвестирање кој ги насочил вложувањата во растечката индустрија на канабисот, создаде тројца милијардери, пишува „Fortune“.
Брендон Кенеди, Мајкл Блу и Кристијан Грох ја основаа „Privateer Holdings Inc.“ во мај 2010-та година и малку подоцна инвестираа во канадската компанија „Tilray Inc.“.
Само во последните два месеци акциите на компанијата, специјализирана за производство и извоз на медицинска марихуана од Северна Америка до Австралија и Нов Зеленд, поскапеа за 1.200%, со што пазарната капиталиција достигна 21 милијарди долари.
Триото инвеститори поседува 45% од „Tilray“, покажуваат податоците на компанијата од 31-ви март, што го проценува делот на „Privateer“ на 7.9 милијарди долари. Така, секој од нив има малку над 2,6 милијарди долари.
Питер Тил, кој е добро познат во инвеститорските кругови, откако беше еден од луѓето кои го поддржале „Facebook“ уште во раниот развој, исто така, е меѓу најголемите акционери во канадската компанија. Тој учествува во финансирањето на компанијата во 2014-та година и денес поседува 250 милиони акции од класа „Б“ на компанијата.
Тројцата основачи на „Privateer“, како и Тил, се само дел од милионерите и милијардерите кои бизнисот со марихуана успеа да ги создаде во последните години.
Да, во моментов тие се милијардери само на хартија, по објавениот неверојатен раст на цената на акциите на „Tilray“. Тоа сепак брзо може да се промени, бидејќи канадското друштво има приходи од 20 милиони долари, или е доста скромно за компанија, проценета на милијарди.
Според индексот на милијардери на „Bloomberg“, едни од најбогатите инвеститори во индустријата се Тони Реслер од „Ares Management“ и Џон Греј од „Blackstone Group“.
Линк : Денар.мк