Инфлацијата втор месец по ред забележува стагнација. Најновите пресметки на Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември лани во однос на претходниот месец трошоците на живот на граѓаните пораснале за само 0,2 отсто, а за 0,1 отсто имало раст на цените на мало.
Во последниот извештај се наведува дека на годишно ниво пак, односно декември лани во однос на декември 2022 година инфлацијата е на ниво од 3,6 отсто. Цените на мало пак во анализираниот период се зголемени за 3,7 отсто. Индексите на трошоците на граѓаните во цела 2023 година во однос на 2022 година е забележано зголемување од 9,4 отсо, цените на мало пак за истиот период се зголемени за седум отсто.
Во извештајот се наведува дека најголем раст на трошоците граѓаните имаат за набавка на мебел и останата покуќнина од 13,6 отсто. Ресторанските и хотелските услуги имаат зголемување од 12,7отсто. Храната и безалкохолни производи 11,7 отсто. Трошоците за домување се зголемени за над 10 отсто. За осум отсто се зголемени трошоците за алкохолни плјалаци и туту, за рекреација и култура раст на трошоците за 6,7, за здравствени услуги 4,6, за набавка на облека и обувки 4,4 отсто. Трошоците за образование се зголемени за 2,9 отсто.
Трошоци на живот
Мебел и покуќнина 13,6%
Ресторански и хотелски услуги 12.7%
Храна и Безалкохолни производи 11,7%
Домување10,4%
Алкохолни пијалаци и тутун 8%
Рекреација и култура 6,7%
Облека и обувки 4,4%
Образование 2,9%
Со намалена куповна моќ ја завршиле старата, со скапитија ја започнале новата година. Најголемиот дел од граѓаните кои ги сретнавме денеска не покажаа оптимизам дека во периодот што следи драстично ќе се подобри животниот стандард на граѓаните.
„Имам 17 илјади денари пензија. Сакам да праша, дали вие би одобриле некој да има толкава пензија. Бидејќи живеам сам, децата ми отидоа во странство, а за мене горе доле ќе се снајдам. Одам од една до друга продавница да ги видиме цените каде е поевтино таму купуваме. Многу е тешко. “
„Секој ден цените пак се зголемуваат, а посебно пензионерите се многу загрижени многу се ниски пензиите, крај со крај не се врзува, лековите се скапи, живото е кап. “
Владината мерка пак за гарантирани цени е на сила до крајот на овој месец. А во собраниска процедура е и новиот закон за нефер трговски практики. Со ова законско решение надлежните се надеваат дека ќе се воведе ред во трговијата на мало. Со новиот закон за трговија ќе се ограничи заработката во ланецот на трговија на дел од прехранбените и земјоделските производи.
Стопанството пак очекува годинава да се носат повеќе мерки кои се во согласност со пазарната економија. Бизнисмените очекуваат да бидат повеќе консултирани кога се носат нови правила во ноивниот домен.
„Компаниите се наожаат во многу, многу тешка состојба тие се исцедени тие се исцрпени и буквално влегуваме во оваа нова 2024 година на некој начин без многу надежи. Исто така не очекува и изборна година, знаеме дека тоа значи и вработување на партиски кадри во администрацијата и тоа доаѓа повтроно на товар на бизнисот и имаме други непродуктивни трошоци кои пречат на бизнисот.“ – вели Горан Ѓорѓиевски потпретседател на Сојуз на стопански комори.
Според пресметките за едно четри члено семејство минималната потрошувачка кошничка изнесува нешто над 56 и пол илјади денари. Тоа значи дека во случај двајца вработени со минимални плати нема да можат да ги остварат своите и основните животни потреби на останатите членови на семејството.